25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Изминатото деноноќие произведени се 15.179 MWh електрична енергија и целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 12.12.2022 година произведе 15.179 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.933 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.246 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 12.12.2022 година