Изјава за медиуми, Радмила Апостолоска Цветковска, секретар на ОО СДСМ Ѓорче Петров:
Ова зад мене е имагинарната градинка на Стојкоски. Од објектот кој требаше да згрижи повеќе од 100 дечиња не гледаме ништо. Очекувано, нема ни проект, а далеку се градежните работи на терен.
Наместо проширување и изградба на нови, Стојкоски за една година како градоначалник се пофали дека запишал рекорден број на деца во постоечките капацитети. Надвор од сите стандарди и прописи во една занимална со повеќе од 40 дечиња.
Ова е уште еден црвен картон за Стојкоски и уште една лага проследена од изборната програма на ДПМНЕ.
Ова е најлошата година за развојот на Ѓорче Петров, а Стојкоски е убедливо најнеспособниот градоначалник.