Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Починатото момче на Титов врв имаше 28 години – МВР гп објави идентитетот

Вчера (8 ноември) во 17 часот и 30 минути преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со С.Ф.(28) од Белгија, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, С.Ф. паднал од карпа во бездна и се повредил, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне. Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место.

По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. С.Ф., денеска (9 ноември) претпладне беше пронајден починат и со хеликоптер на МВР беше извлечен од местото каде паднал вчера. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК