Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема мнозинство за уставни измени

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека мнозинство за уставни измени во Собранието нема ниту по лидерската средба.

– Жалам што на лидерската средба не се зборуваше за енергетската криза, туку за она што ја интересира власта, уствавни измени за дефокус од проблемите. Го поддржав и пратеникот Павле Трајанов да издејствуваме признавање на македонското малцинство, но немаше поддршка од другите. Ние сакаме Бугарија да ги почитува европските вредности. Македонците за ЕУ се откажаа многу во последните 30 години, а фрустрациите се големи. Јас имам два сина и не знам дали некој од нив ќе замине надвор од Македонија. Но сакам двајцата да останат и оттука да ја победуваат Европа и светот – истакна Мицкоски по лидерската средба во Собранието.

Тој додаде дека преговарчката рамка ваква каква што е не е вистинскиот пат кон Европа.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК