10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари на мигранти

Денеска (04.11.2022) во 14.30 часот во с.Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија. При преглед во возило “мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан.

Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од полициски службеници, по што во обид да побегне удрило во столб на бензинска пумпа. Притоа, мигрантите се здобиле со повреди констатирани од екипа на Итна медицинска помош Валандово.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +