Културно-Информативниот Центар – Скопје во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија, има особена чест и задоволство да ве покани на групната изложба „Мал формат“, чие отворање ќе се одржи на 2.11.2022 година, со почеток во 20 часот, во Салон Империјал 1
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
На овогодинешното издание на изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела (некој се застапени со по две дела). Се изразуваат во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми.
На отварањето на изложбата Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе додели една награда за Мал формат.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 12.11.2022 год.