Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибината во Делчево се осврна на инвестициите кои владата предводена од СДСМ ги прави на македонскиот исток со цел да го подобри животот на граѓаните со посебен личен и владин фокус во работата за подобар живот за граѓаните, подобри услови за развој на стопанството со странските директни инвестиции.
Притоа тој ги потенцираше следниве инвестиции и влог на Владата кон одржлива стабилност на бизнис секторот:
„Американската компанија од автомобилската индустрија (Кемет Електроникс), заради поддршката и условите кои ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, отвори и втора. На долг рок тоа ќе значат вкупно 1.000 вработени.
Новата инвестиција на канадската компанија Магна исто така носи околу 1.000 работни места до 2024 година.
Нови 30 милиони евра е странската инвестиција на двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив.
Се позициониравме како држава во која странските инвеститори препозбаваат вистински партнер и затоа реномирани компании ја бираат Северна Македонија како дестинација за нивните инвестиции. И не само странските туку и домашните компании ги поттикнуваме да инвестираат со нашите политики.
Токму овде, во Делчево бев во посета на една таква домашна компнија (Алпин ком) која започнува нова инвестиција, фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати.Вложуваме во енергетиката, во инфраструктурата, се градат повеќе делници и патишта, а во саботата отпочна и градбата на источен дел од железничкиот Коридор 8 – пругата кон Бугарија. Со работа започна и најголемата соларна електрана досега, која ќе снабдува над 5.500 домаќинства со чиста електрична енергија добиена од македонското сонце.“ додаде Ковачески.
Притоа Ковачевски потенцираше дека се донесени иизмените на законот за градење за да можат сега сите физички и правни лица со многу едноставна процедура и без одобрение за градба од општината да постават фотоволтаици.
„Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибина во Делчево, Силно и одлучно кон иднината.