„Во овие четири месеци пред нас, за кои многумина велат дека ќе бидат најтешки, финансиски ќе помогнеме над 200.000 граѓани во државата за оние кои што имаат најмалку“ кажа премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека Владата реализираше два пакети антикризни мерки за помош на граѓани вредни над 760 милиони евра, а освен тоа се реализираат и ветувањата за раст на платите. За само неколку месеци за 15 отсто пораснаа платите во образованието, за седум во високото образование, а за пет отсто во МВР, здравството и во одбраната.
„Оваа Влада исплати субвенции што беа неисплантени на земјоделците. 2,5 милијарди денари беа заостанати од 2015 година. Имаме историско покачување кај субвенциите кај лозарте и сега ќе имаме и кај тутунарите. Така се сака својата својата држава и така се работи домаќински. Од следната година сите земјоделци авансо ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите“ кажа Ковачевски.
Премиерот додаде дека овој пристап е одговорен и државнички во време на криза, наспроти тој на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат лоши резултати при водењето на локалните власти, а во Град Скопје дури и се скараа со градоначалничката за тендер од 136 милиони евра.