Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 14.10.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол марка „глок 19“ со четири рамки и 33 куршуми калибар девет милиметри.