7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен битолчанец кој украл предмети од Апелациониот суд

Синоќа, во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле С. Б.(27) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелациониот суд Битола на булеварот 1 Мај, при што одзел повеќе предмети.

„Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Интегритетот и транспарентноста основа на довербата на граѓаните во институциите

ДЕСК

Протоколарна средба Гаши – Херицова

ДЕСК

Минчев: Европеизацијата не почнува во Брисел – таа почнува овде, во секоја општина, на секој шалтер, во секој службеник кој ја работи својата работа со чест, со почит и со интегритет

ДЕСК