23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Тони Андреев го одржа ветувањето – стигна преработка на уште една песна од Тоше

Пејачот Тони Андреев го одржа ветувањето и ја продолжи традицијата за објавување преработки на песни од Тоше Проески.

Следна во низата за преработки е емотивната балада „Боже, чувај ја од зло“ која остави траен белег во регионалната музичка историја.

Преработката на песната ја направи Тони, заедно со својот бенд, додека за видеото се погрижи докажаниот продуцент Алек Тасевски.

– И оваа година се потрудив да ја одржам традицијата во чест на Тоше што трае веќе неколку години, ова е мојата четврта преработка и мило ми е што покрај сите обврски и настапи успеав да си го одржам ветувањето кое се надевам дека ќе трае секоја година. Тимот што победува не се менува, така да и овој пат на звукот работевме јас и мојот бенд, се разбира тука е и Алек Тасевски, мојот продуцент, кој што се потпишува на сите мои видео записи, вели Андреев

Во продолжение слушнете ја преработката и погледнете го видеото.