23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тричковски: Така иде тоа, господине Мицко, прво ќе ве истуркаат од првите редови, потоа ќе ве фрлт најодзади, па на крајот ќе ве злепт на ѕидот, како слика

Фејсбук статус на Бранко Тричковски:

Така иде тоа, господине Мицко, прво ќе ве истуркаат од првите редови, потоа ќе ве фрлт најодзади, па на крајот ќе ве злепт на ѕидот, како слика, фреска или флека. Тоа е. Градоначалникот не ве ни споменал во објавата. Па нели е тоа скндалозно. Во нормални околности. Но, во околностите во кои се наоѓате вие и вашата злосторничка инсталација-не е. Нормално е да ве шуткаат лево-десно, додека не ве шутнат надвор од теренот на политичката борба.

Ќе паднеш, во тоа не се сомневам, но си се прашал ли за билансот, за неверојтните штети, пред се врз културата и духот на Македонците, врз нивната самодоверба, врз нивниот однос кон државата и заедницата. Седум години да фрлаш само катрани и говна од повеќецевните фрлачи на медиумскиот свињарник, па кое општество не би полудело. Два милиони души си уназадил по сто години. Знаеш ли ти колкаво е тоа зло. Ти си еден многу голем мирновремен злосторник. Оди си и моли се, во Ѓуриште и на други места, правдата да биде блага.