19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кичевски: Европската иднина на државата сега е реалност, нека е вековит Денот на независноста

Најголемата желба на секој Македонец се оствари пред точно 31 година, на овој ден, македонскиот народ ја донесе најголемата одлука, одлука со која денеска се гордеат сите оние кои живеат во независна Република Северна Македонија, порача денеска претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски на традиционалниот народен собир во организација на ОО СДСМ Кисела Вода.

,,Оваа година е со посебно значење за сите нас бидејќи ова е годината кога и официјално ги започнавме преговорите со Европската унија. Годините поминати во мечтаење и говорење за европска Македонија стануваат реалност, а токму почетокот на преговорите е светлото на крајот од тунелот кој со години го бараме. Затоа, токму од ова место, сакам да им порачам на сите оние кои не и мислат добро на оваа држава и на оваа партија, дека СДСМ е партијата која ги започна преговорите со ЕУ и партијата која ќе ги заврши истите до 2030 година.

Нека ни е честит и вековит празникот!” порача Кичевски.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК