Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Мишел: Не можеме да чекаме, ЕУ мора да го реши прашањето за максималните цени на енергијата

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската комисија не може да го одложи предлогот за решавање на проблемите поради поскапувањето на енергенсите до 14 септември, кога Урсула фон дер Лајен треба да одржи говор за состојбата на Европската унија.

„Не можеме да изгубиме повеќе денови, од клучно значење е Европската унија веднаш да го реши прашањето за максималните цени“ изјави Мишел во интервју за неколку европски медиуми, пренесува „Политико“.

Тој посочи дека тоа не е нов проблем и дека расправата за тоа не започнува денеска, додавајќи дека Советот веќе неколку пати ја повикал Европската комисија да излезе со конкретни предлози, за да им помогне на земјите-членки да донесуваат одлуки.

Фон дер Лајен вчера рече дека е „цврсто убедена“ дека е неопходно да се одреди максималната цена на рускиот гас што стигнува до Европската унија преку гасоводи и дека треба да се предложи тоа да се направи на европско ниво.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

C +

Исплатени се 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

ДЕСК

Нова можност за 300 невработени: Платата ќе биде 28.000 денари

ДЕСК