Преку еден милион прегледи имаат трите најчитани информации објавени на Твитер во врска со Македонија во последните два дена. Сите три топ вести содржат видеа од протестите кои се одржуваат во Скопје, но со назнака дека тие се резултат на зголемените цени на храната и горивата, пишува 360 Степени.мк.
Доколку во пребарувачот на Твитер напишете „macedonia”, во рубриката „Тop“ односно најважни или најчитани, како прво се појавува видеото од канаѓанката Александра Лавоие, која се претставува себеси како француски новинар од rebelnews.com, медиум кој е антиестаблишментски настроен. Интересно е дека кусото видео од протестите во Скопје е преземено од Раша Тудеј, а е насловено како „Големи протести во Бугарија и Македонија“.
Bulgaria and Macedonia , big protest!pic.twitter.com/pH6MToIbO1
— Alexandra Lavoie (@ThevoiceAlexa) July 9, 2022
Иако во видеото не се споменува причината, ниту такво нешто се случува во Бугарија, бекграундот на авторот и коментарите под објавата, како и лицата кои го преобјавуваат твитот, јасно покажуваат дека целта е да се покаже дека ширум светот се живее се потешко, а не дека во Скопје се демонстрира поради сосема друга причина.
Тоа умешно го користат антиглобалистите и путиновите ботови кои протестите ги ставаат во контекст на анти-руските санкции кои генерираат криза во прехрамбениот сектор и во енергетиката и го парализираат земјоделското производство поради недостигот на ѓубрива.
🇧🇬🇲🇰Protestas multitudinarias en Bulgaria y Macedonia,las sanciones antirrusas del bloque Europeo han generado en esos países un alza en el precio de los combustibles y los alimentos,con el sector agrícola paralizado por falta de fertilizantes y el Otoño que ya asoma!.. pic.twitter.com/u7oFbCx4yz
— Desde las Trincheras 🇵🇪🤝🇷🇺 (@DOGDEGA) July 9, 2022
Целиот текст на 360 Степени.мк