Од полицијата информираат дека денеска (24.6.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит-пазар, го лишиле од слобода Ј. Б. (61) од Скопје.
Приведувањето е направено врз основа на судска наредба за издржување натворска казна за сторено кривично дело по член 297 ст. 3 од Кривичниот законик.
Лицето ќе му биде предадено на надлежна казнено-поправна установа.