22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Костадиновска – Стојчевска: Потребен нѝ е македонски културно – информативен центар во срцето на Европа

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска смета дека треба да биде отворен македонски културно – информативен центар во Брисел.

– Ќе бидам горда доколку во срцето на Европа формираме центар кој ќе ја промовира македонската култура и традиција. На овој начин би ги презентирале македонските вредности токму во градот во кој има бројни меѓународни организации и претставништва, дипломатски мисии, град кој ја симболизира обединета Европа, вели Бисера Костадиновска – Стојчевска која е во дводневна работна посета на Европската комисија.

На агендата на Костадиновска – Стојчевска е и средба со премиерот на Фландрија, Jан Јамбон, кој истовремено е задолжен и за областа култура.

Костадиновска – Стојчевска денеска ќе се сретне со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, со која ќе разговара за можностите за интензивирање на соработката во проектите од областа на европските интеграции и ќе ја потенцира воспоставената добра практика на транснационалната културна соработка.

Министерката за култура ќе се сретне и со директорката за меѓународни односи на Палатата за убави уметности, Магдалена Лискова. Со неа ќе дискутира за можноста таму да се организираат македонски културни настани. На средбата ќе присуствува и Жулиет Дуре, директорка за филм со која е предвидено да се разговара за соработката во филмската уметност и за Фестивалот на Југоисточна Европа кој треба да се одржи во јануари 2023 година.

Република Северна Македонија е активна и во рамките на Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, но и преку активностите во Агендата за Западен Балкан на ЕУ и Инструментот за претпристапна помош на ЕУ каде што има голем број примери на квалитетни проекти на тема културно наследство, особено во ИПА програмите за прекугранична соработка со Албанија во кои сме лидер земја, како и партнер земја на проекти со Бугарија, Грција, Србија, Косово.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска во Прага: Со Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина

M T

Костадиновска-Стојчевска: Министерскиот состанок во Тирана е клучен за Западен Балкан, а културното наследство главна тема

M T

Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Охрид, Пецаков

M T

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на институциите: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

M T