3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски ги одликува Пол Кругман и Стопанската комора со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше Пол Кругман и Стопанска комора на Северна Македонија со Орден за заслуги за Република Северна Македонија и го додели признанието Повелба на Република Северна Македонија на Бранко Азески.

„ Нашата цел не е само да ја пребродиме кризата, туку од неа да излеземе со засилен економски развој, намалена невработеност, зголемена продуктивност и конкурентност на националната економија. За да го постигнеме ова, нам ни се потребни знаењето и експертизата на врвните теоретичари како што е професорот Пол Кругман, кој со децении неуморно го покажува патот до одржлив и инклузивен економски раст и развој“, порача во обраќањето претседателот Пендаровски.

Тој посочи дека за да биде делотворна, теоријата мора да биде применета во практика, од страна на државните институции и приватниот сектор и дека индустриите и компаниите се вистинските двигатели на економијата.

„ Денеска имаме чест да ја одликуваме нашата најстара стопанска комора која годинава ја прославува стогодишнината од основањето. За важноста на Стопанската комора на Северна Македонија зборува фактот дека компаниите-членки генерираат половина од вкупниот приход и речиси половина од нето добивката во приватниот сектор, а, секој трет вработен во приватниот сектор е вработен во овие компании. Стопанската комора е активен партнер на државата во остварување на заедничката цел, а тоа е економски просперитет како еден од предусловите за стабилност на целото општеството“, рече претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Почина Душко Чифлиганец

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК