28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Откако Владата го покачи минималецот за работникот, од СОНК бараат уште повисоки плати и најавија дека од 11 април ќе штрајкуваат

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) ќе почне со генерален штрајк од 11 април, соопшти претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

– Советот на СОНК донесе едногласна одлука за генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата –
напиша Неделков на Фејсбук.

Училиштата и градинките нема да работат од 11 април, па се до исполнување на барањата на СОНК за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто, како што истакна Неделков во изјава за телевизија „Сител“.

Владата претходно соопшти дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор, по денешната средба со претставниците на СОНК.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК