Лидерите на Групата седум индустриски развиени земји најавија зајакнување на постојните и воведување нови санкции против Русија и го повикаа светот да се обедини во пораката до рускиот претседател Владимир Путин веднаш да го запре нападот врз Украина и да ги повлече воените сили.
Лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Држави во заедничко соопштение рекоа дека преземаат мерки со кои Русија ќе и го ускратат статусот на најповолна нација во Светската трговска организација, која ќе ги укине повластените третман на руските компании на светските пазари.
„Ние исто така работиме заедно за да ја спречиме Русија да добива средства од водечките мултилатерални финансиски институции, вклучувајќи ги Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Европската банка за обнова и развој“, се вели во соопштението на Г7.