22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

Мајкрософт ја прекина продажбата и услугите во Русија

Мајкрософт објави дека ќе ја прекине целата нова продажба на производи и услуги во Русија.

Во соопштението преку Интернет, претседателот на Мајкрософт Бред Смит напиша дека компанијата исто така запира многу аспекти на водење бизнис во Русија во согласност со владините одлуки за санкции.

Компанијата додаде дека, исто така, продолжува да нуди помош за сајбер безбедноста на Украина и дека неодамна помогнала да се одбрани земјата од сајбер напад насочен кон главниот радиодифузер на Украина.

„Тимот за кибербезбедност на Мајкрософт помогна да се одговори на кибернапади насочени кон повеќе од 20 украински владини, ИТ и финансиски организации“, напиша претседателот.