24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 35-годишен жител на селото Беловиште, кој се товари за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 07.08.2021 година, по претходна вербална расправија за паркинг место во Гостивар, започнал физичка пресметка со едно оштетено лице од селото Србиново, удирајќи го со телото и главата и нанесувајќи му тешка телесна повреда – скршеница.