Благодарение на инсистирањето да се формира ова огниште на образованието, предавањата кои започнаа на 17 февруари 1995 година во Порој и Мала Речица, беа почеток на основањето на првиот албански универзитет во државата, кој едуцираше и ќе едуцира многу нови генерации студенти. Како поранешен студент на Универзитетот во Тетово и денес како министер за образование и наука се чувствувам исклучително горд и среќен заради тоа што оваа образовна институција постои.
Ова го истакна за министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната церемонија организирана по повод 27 години од основањето на Универзитетот во Тетово, на која присуствуваа и претставници на повеќе други институции на системот, претставници на академската и научната фела во државата, меѓу кои и повеќе истакнати поранешни професори и научни кадри на овој универзитет и студенти од различни генерации.
„Овој датум секогаш ќе биде важен, историски за албанското образование во Северна Македонија. Чест ми е што сум присутен денес тука и сакам на секој студент, на секој предавач, професор и вработен на Универзитетот во Тетово кој во овие 27 години даде придонес да се остварат идеалите на оние кои ја започнаа идејата и се жртвуваа себеси за да го остварат големиот и единствен сон за првиот албански универзитет во земјава кој овозможи развој на нашиот јазик, култура и образование“, рече министерот Шаќири.
Потсетувајќи се на жртвата која ја дадоа Абдилселам Емин, Фадил Сулејмани – првиот ректор на тетовскиот универзитет и повеќе други професори, но и десетици семејства кои пред 27 години безусловно ги нудеа своите капацитети и поддршка од секаков апспект, министерот рече дека токму благодарение на сите нив, денес можеме да го користиме најголемиот благодет кој овој универзитет го нуди – знаењето.
„Денес албанското образование во земјава има друга димензија, достигна повисоко ниво. Можеби за сегашните студенти се незамисливи околностите во кои е основан овој универзитет, но треба да знаат дека изминат е трнлив пат и долги години за да се постигне оваа цел и тие треба да ја продолжат битката за уште подобро утре“, истакна Шаќири.
Шаќири истакна дека денешниот датум е потсетник на минатото и дека нé тера да размислуваме за иднината, на која несомнено треба да работиме.
„Најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес е влогот во квалитетно образование. На крајот на денот, напредокот на државата ќе зависи од тоа како ќе ги едуцираме младите во оваа земја. Мора да ги интензивираме заложбите за создавање на подобри услови и можности за секој ученик и студент, за да може полесно да се снајде на пазарот на трудот и да даде придонес кон развојот на општеството“, потенцираше министерот.