5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак од Битола кога во него удрил автомобил

Во битолската полиција, вчера, во 10.10 часот било пријавено дека на булеварот 1 Мај во Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И. С. (37) од Битола, удрило во пешакот М. Р. (56) од Битола.

М. Р. добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Битола.