8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четири патнички возила и еден автобус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Изминатите два дена од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М(42) од с.Горна Бањица, Гостиварско, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Можеби ќе ве интересира

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

ДЕСК

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Се апси на неколку локации низ градот и околината

ДЕСК

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК