23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

„Sport Life“ ги награди најуспешните работници

Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација. Истите ќе можат да се искористат преку некоја од туристичките агенции, независно дали станува збор за патување во странство или во земјата.

Покрај ваучерите за летување беа обезбедени и дополнителни парични награди за исклучителен придонес на врвни тројца оператори во обложувалниците на „Sport Life“.

Најуспешните вработени се оценувани според повеќе критериуми и параметри базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.

„Sport Life“ успешно работи повеќе од 20 години, притоа едно од најважните правила по кои се раководи е постојаното инвестирање во развојот на вработените и нивното наградување за постигнатите успеси. Покрај редовните обуки и тренинзи за стекнување разни вештини во работењето, тие се поттикнуваат и помагаат да стекнат повисоко образование, како на пример магистериуми или докторати. За успесите во работењето се предвидени редовни бонуси и награди, како и можности за кариерно унапредување. Ова се само дел од активностите кои „Sport Life“ ги спроведува за грижа и развој на вработените.