Во текот на вчерашниот ден (3.1.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 153 возачи. Од нив осум се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.