21.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби открива: Мицкоски е согласен за премиер Албанец последните 100 дена од мандатот

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува првиот вицепремиер, Артан Груби, од редовите на ДУИ со кого разговаравме за актуелни теми.

Груби откри дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е веќе согласенп за во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец.

„Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски“, порача Груби.