11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Ги поддржуваме целите за заштита на животната средина од климатските промени

Демократската Унија за Интеграција информира дека силно го поддржува и е посветена на спроведувањето на глобалните политики и цели за заштита на животната средина од климатските промени.

Партијата наведува дека климатскиот самит #COP26 во Глазгов ги претставил акциите и националните климатски амбиции кои се тесно поврзани со зелената агенда како програмска ориентација на Владата и Демократската Унија за Интеграција.

„Во неколкудневниот самит за преговори за климата, ќе се презентира и Ревидираниот национален придонес на Република Северна Македонија, кој е признат како еден од поамбициозните ревидирани придонеси во Парискиот договор. Република Северна Македонија е ангажирана да ги намали емисиите на штетни гасови за 51% или искажани во нето емисии, во 2030 година намалување од 82% споредено со нивоата од изминатите години. Демократската Унија за Интеграција проценува дека едно друго големо достигнување за една подобра и почиста животна средина е и ангажманот за ограничување на емисиите на метан, врз основа на претходно анализираните и усвоени политики и мерки во стратешките климатски документи“, велат од ДУИ.

Според нив, климатскиот самит во Глазгов е добра можност за основање и развивање на меѓународна соработка за поефикасно соочување со заедничките предизвици на климатските промени во животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.