Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По Куманово, ВМРО ДПМНЕ депласиран и во Карпош со катастрофален резултат

Фаворитот на опозицијата, Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да влезе во вториот круг од трката за градоначалник на Карпош.

Тој е трет и за нешто помалку од 300 гласа заостана зад поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. ГРОМ на Јакимовски е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата на Мицкоски реши нејзин претендент да биде Зафировски, а не Јакимовски.

Најголем број гласови доби и се смета како фаворит за овие избори е кандидатот на СДСМ, Душко Весковски.

Ова не е единствена општина каде што ВМРО ДПМНЕ буквално е депласиран и паѓа на трето место. Слично се случи и во Куманово каде ВМРО ДПМНЕ освои катастрофален резултат, а ваков епилог се бележи и во други мали општини.

Можеби ќе ве интересира

Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

ДЕСК

Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

ДЕСК

СВР Охрид предупредува на голема измама: Непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори

ДЕСК