19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на вицепремиерот Димитров со амбасадорот Клеменс Која

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која што разговараа за повеќе значајни теми како: тековната реформска агенда во контекст на процесот на европеизација и актуелните предизвици, претстојните локални избори, статус на проектот за дигитализација, процесот на попишување.

Вицепремиерот Димитров ја нагласи улогата на Мисијата на ОБСЕ за унапредување на демократијата и зајакнување на владеењето на правото, особено преку мониторирањето на изборниот процес и судските постапки како механизам што значително придонесува за зголемување на транспарентноста и довербата на јавноста.

Димитров: „Европеизацијата на нашето општество подразбира поставување на соодветна правна и институционална рамка во клучните области, но дотолку повеќе е потребно нивно спроведување на терен и токму во таа смисла, Мисијата на ОБСЕ е наш важен партнер.“

Соговорниците разменија мислења и за реализацијата на програмските цели и активности на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија за наредниот период, со посебен акцент на областите кои се приоритетни цели и во „Агенда: Европа дома“. Амбасадорот Која ја истакна важноста на остварување континуиран напредок во реформскиот процес.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+, парите од агенцијата во служба за задоволување на партиските потреби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата, преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти

ДЕСК