25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демокраски Сојуз: Честит 11-ти октомври

Соопштение на Демократскиот сојуз:

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

На денешениот датум треба да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои, кои се вградија себе во слободата на Македонија. Тогаш, во далечната 1941 година, кога сè изгледаше безнадежно, македонскиот народ, заедно со сите граѓани, се крена на востание за слободна и самостојна Македонија.

И денес, кога Македонија, која по којзнае кој пат, се соочува со огромни предизвици и провокации поврзани со обиди за искривување на нејзината историја и самобитност, доволно е само да се потсетиме на славното мото на македонските партизани – Смрт на фашизмот, слобода на народот.

Тоа доволно кажува против кого се кренале на востание и за што се бореле.

Нека е вечна Македонија.