Во општината Ѓорче Петров има многу пакрови и зелена површина, ние обезбедивме од Градот Скопје и 16 милиони денари за целосна реконструкција на постоечкиот парк, заштитено е зеленилото во Хром, изградени се вело-патеки, а во рамки на зелениот план во рамки на проектите за прекугранична соработка ќе градиме и прочистителни станици, рече сегашниот и кандидат на СДСМ за иден градоначалник во гостувањето на дебатата на МТВ.
-За овие четири години изградивме 110 улици, нигде не направивме улица без атмосферска канализација, се трудевме тоа да биде квалитетно, за споредба во периодот од 2013 до 2017 беа изградени само 660 метри квадратни паркинзи, а од 2017 до сега 7710 метри канализација , во истиот период тие изградија 10 метри фекална канализација, а сега 40, тие изградија само еден километар водоводна мрежа, а сега 4,8 километри, не се запоставува ниту руралниот ниту урбаниот дел на општината, појасни Наумоски.