На 02.10.2021 во 17,30 час во Полициско оддление Зајас, Л.Џ.(52) од с.Зајас пријавил дека во с.Колари во двор на куќа сопственост на А.З.(67) од с.Колари го забележал истиот паднат, без знаци на живот.
Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. околу 16,00 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување.
Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.