23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разобличена лажната вест за напуштањето на партијата на Власите од коалицијата на СДСМ, во новата емисија „Кратки нозе“

Предмет на шпекулации и манипулации беше наводното напуштање на коалцијата со Социјалдемократскиот сојуз, од страна на Демократскиот сојуз на Власите, утврдува тимот на „Кратки нозе“, најновата емисија во која се разоткриваат дезинформациите и лажните вести, а последната епизода беше посветена на дезинформациите за пожарот во Тетово, за пописот и за изборите.

-На 17 септември за оваа вест извести порталот „Инфомакс“, а оваа дезинформација беше демантирана и од лидерот на Демократскиот сојуз на Власите, Николче Бабовски, се вели во емисија.

Понатаму, за лажна вест и дезинформација беше посочен и фејсбук статус на претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој објави дека дури 200 илјади граѓани одбиле да се попишат, без притоа да каже на што ја темели ваквата информација, односно без никаков факт или аргумент. Од друга страна пак, се наметнува прашањето дали бојкотирачите на пописот од Левица ги бојкотираат попишувачите сопартијци, бидејќи дел од нив се симпатизери на партијата.

Дополнително, во „Кратки нозе“ фокусот беше ставен и на непотврдените информации за бројот на жртви од пожарот во модуларната болница во Тетово, кога дел од медиумите објавија вест за над 30 загинати без воопшто да ја потврдат информацијата.