14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо Јакимовски како кандидат за градоначалник, додека во другите општини низ земјата ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека изборната програма за oпштина Капрош е веќе готова, а пред карпошани Јакимовски ќе ја бара довербата со квалитетни решенија за нивните проблеми.

Формиран е и Централниот изборен штаб на ГРОМ.

„Извршниот oдбор на партијата го констатираше составот на Централниот изборен штаб за претстојните локални iзбори 2021 година. За шеф на Изборниот штаб е избран генералниот секретар, Крсте Петревски, а за заменик е избран Александар Трајановски, претседател на Градската организација на Скопје“, информираа од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.