29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократската партија на Турците со повик за правична застапеност на попишувачите и примена на јазикот

Демоктратската Партија на Турците (ТДП), како одговорна партија со над 30-годишно искуство на политичката сцена на државата, сериозно се залага и е максимално посветена пописот на населението, домаќинствата и становите во РСМ во 2021 година, квалитетно да се подготви и спроведе, велат од оваа партија.

Во соопштението потпишано од партискиот лидер Бејџан Илјас, се вели дека нивната цел како политички репрезент на турскиот народ во РСМ, кој е трет по бројност на граѓани во државата, е престојниот попис на населението навистина да успее.

„Само и единствено на овој начин, како демоктратско и европско ориентирано општество ќе можеме да го надминеме хендикепот на немање на попис во еден голем временски период, како клучен предуслов за планирање на нашата иднина, за доброто и благосостојбата на сите граѓани на државата.

Одговорноста е голема пред сите нас и како институции и како поединци, исто така законската одговорност и обврска на Државниот завод за статистика за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на пописот е голема и повеќе од серизона.

Оттука сите ние треба максимално посветено да работиме на обезбедување доследна примена на правната рамка која се однесува на пописот на населението од страна на сите субјекти без исклучок“, се нагласува во соопштението на ТДП во кое се потсетува на законската обврска дека при предлагањето и изборот на попишувачи и реонски инструктори задолжително треба да се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во сите 50 пописни реони во државата.

„Актуелната етничката структура во сите 50 пописни реони, задолжително треба да биде отсликана и при селекцијата и конечниот избор на реноските инструктори и попишувачи, како еден од предусловите за кредибилни и реални пописни резултати.

При изборот на реонските инструктори и попишувачи задолжително да се води сметка за обврската утврдена со член 34 од Законот за попис, со кој се третира прашањето на употребата на јазикот во пописот. За потсетување нивно, но и на сите граѓани, согласно споменатиот закон, попишувањето се врши на јазикот и писмото што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците. Никој правото на избор на јазикот на попишување на ниеден граѓанин опфатен со пописот, под никакви услови, околности или образложенија не може да му го оспори или оневозможи“, велат од ТДП.