8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Шилегов: Во средното медицинско училиште наставна програма со ново занимање – „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“

Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” денеска беше промовирана паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу, директорката за производство од фармација и членка на управниот одбор на „Алкалоид“ Милкица Глигорова и раководителот на човечки ресурси во „Алкалоид“ и координатор на проектот, Никола Ефтимов.

– Од денеска, за првпат во државата во средното медицинско училиште ќе се реализира наставна програма за ново занимање – фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија. На иницијатива на средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ и на Алкалоид АД беше изготвена наставна програма која е верификувана и одобрена од МОН, адаптирана на потребите на секторот на фармацевтската индустрија. Оваа наставна програма е специјално креирана за ученици од 3-та и 4-та година од секторот здравство и здравствена заштита во средното стручно образование. Од оваа учебна година, по големиот интерес на пријавени, 23 ученици беа селектирани за да отпочнат со следење на наставата во новоформираната парцијално-дуална паралелка – рече Шилегов, на промоцијата на паралелката.

Наставата ќе се одвива во просториите на училиштето и во компанијата Алкалоид АД од страна на стручни наставници и сертифицирани ментори. Учениците во практичниот дел од наставата ќе бидат директно вклучени во работниот процес на компанијата со што ќе се стекнат со потребните знаења и вештини што ги прави конкурентни на пазарот на трудот со можност за вработување веднаш по завршувањето на средното образование. Компанијата ќе обезбеди заштитна опрема, систематски прегледи, топол оброк и месечни стипендии од 3.000 денари за секој од овие ученици во текот на нивното школување.

– Целта на оваа програма е целисходно остручување на младите кадри за потреби на компаниите и зголемување на вредноста на стручното образование. Како градоначалник сакам да упатам благодарност до Алкалоид АД, како и до сите оние компании од различни струки кои во соработка со средните стручни училишта ја нудат можноста за реализација на практичната настава од областа на тие струки. Ова прашање нѐ засега сите и како институции, но и како луѓе пред се, заради тоа што носиме одговорност пред нашите деца, пред младите луѓе, да им понудиме квалитетно образование кое ќе ја постигне примарната цел за креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот пред се во државата, но и пошироко – истакна Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК