25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Бојата значително влијае на цената на користените возила, оваа нијанса е добар избор

Според Ревија ХАК, ќе изгубите околу 27,2 проценти од просечната цена на возилото на автомобил во виолетова боја, 25 проценти во сребрена, 23,1 проценти во златна, 11,5 проценти во црвена, 9,8 проценти во сина и 1,3 проценти во зелена боја.

Црвената боја може да биде одличен избор за Ферари, но ако купувате деловен седан како што е Фолксваген Пасат или БМВ Серија 5, таа боја е несоодветна, односно ќе ви предизвика главоболки при продажба.

Нема да погрешите ако купите портокалово возило бидејќи носи 5,4 проценти повисока цена од просечната при продажба на возило, уште подобар избор е белата боја со 5,9 проценти, црната со 9,5 проценти, сивата со 9,7 проценти и жолта со 13 , 3 проценти