23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шабани: Со новите образовни политики создаваме кадри со употребливи знаења и практични вештини

Создавањето кадри кои ќе поседуваат реални, употребливи знаења и практични вештини со кои ќе можат соодветно да одговорат на предизвиците на работните места е приоритетна цел на соработката помеѓу Министерството за образование и наука, бизнис заедницата, локалните самоуправи и Амбасадата на Швајцарија, што интензивно се продлабочува во изминатите неколку месеци во сферата на образованието. Со силно партнерство и одлучност во креирањето на нови образовни политики, со кои особено се унапредува средното стручно образование во земјава, создаваме услови за обезбедување на потребниот кадар за компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите и нивна подобра иднина во државата, рече заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани во обраќањето на конференцијата „Синергија на партнерите во обезбедување на пазарно-ориентирано стручно образование и обука“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и проектот Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Огромна е честа и задоволството да се учествува на денешната Конференција, чија главна цел е да се акцентира улогата на коморите и организацијата на работодавачи во процесот на подобрување на политиките за вклучување на компаниите во стручното образование и обука, како и постигнување синергија на партнерите во креирање пазарно-ориентирано стручно образование и обука за обезбедување стручен кадар според напредните технолошки процеси и организациската поставеност на компаниите“, нагласи Шабани.

Заменик министерот потсети дека во заеднички дијалог меѓу стопанските комори, локалните самоуправи и средните стручни училишта, Министерството во изминатиот период ги усогласи и креираше новите струки во средните стручни училиштa, посочувајќи дека дијалогот продолжува во делот на високото образование.

„Преку кампањата ‘Учи паметно, работи стручно’, поддржана од Амбасадата на Швајцарија создаваме средно стручно образование, кое особено преку дуалното образование што го воведовме во најголем дел од училиштата, обезбедува кадар баран од компаниите. Истовремено, ова е солидна основа за продолжување во високото образование, посебно на техничките факултети, кои изминатиот период беа помалку атрактнивни за младите. Затоа, заедно со бизнис заедницата и со факултетите, започнуваме уште еден процес на усогласување на факултетските наставни програми, кои ќе осигураат квалитетно образование и истовремено ќе им овозможат на студентите адекватно знаење и функционални вештини, што пазарот на труд ги препознава и прифаќа“, укажа Шабани.

Преку дијалогот на ниво на општини, се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование во учебната 2021/22 година. Младите покажаа интерес за овој концепт, затоа што се фокусира повеќе на практична обука на работно место, наместо на изучување теорија во училница. Како поддршка на процесот, МОН изготви и презентираше целосно нова политика на стипендирање. Предвидени се 2.000 стипендии во вредност од 3.500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината, за сите запишани во дуална паралелка, како дополнителен мотив додека се учи, истовремено и да се остварува приход, кој многу им значи на младите.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Старите инкриминирани кадри и тимови Мицкоски да си ги чува за себе

M T

Шабани: Успешно продолжуваме со Еразмус+ програмата, младите да ги искористат можноститете за меѓународна мобилност како влог во квалитетно образование

M T

Средба на Царовска и Шабани со косовската министерка за образование и наука Нагавци, изразена согласност и заложба за продлабочување на меѓусебната соработка

M T

СДСМ: Дури и кадрите на Груевски не сакаат да бидат официјални кандидати на ВМРО ДПМНЕ, Арсовска е избрана да го понесе поразот во Скопје

M T

Царовска и Шабани на средба со студентите од УЈИЕ: младинскиот стандард евисок приоритет на државните политики

M T