8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска, информираа од неговиот кабинет.

Утре во Загреб, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во четврток, според најавите, Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК