Вчера во Скопје се одржа втората „Парада на гордоста“ која секогаш ја бранува јавноста и предизвикува различни коментари со поддршка или осуда.
Од сите коментари кои беа присутни на социјалните мрежи, внимание и чудење предизвика коментарот на неформалната лидерка на движењето „Учебници и настава мора да има“, Драгана Спасевска, која во изминатиот период беше активна и гласна против реформите во образованието и дигитализација на учебниците.
Во постот кој таа го објави на Фејбук таа ја критикува парадата на городста и ЛГБТ движењето што предизвика чудење кај многумина членови кои таа група ја следат заради реформи во образованието и учебниците.
Меѓу другото Спасевска вели: „Ако ова денес е свеченост, тогаш денес облечете црно и помолете се на Бога. Облечете црно и помолете се за нашите деца, за нашата иднина, за нас да останеме разумни и присебни, та да можеме децата правилно да ги воспитаме за еден ден да не го играат тангото со ѓаволот.“
Ваквата реторика уште еднаш го поткрена прашањето која е вистинската агендата на Велковска?
Дополнително, ако се земе предвид дека според информациите од состанокот кој пред околу еден месец таа со претставници на движењето го одржа во МОН, Спасевска зборувала најмногу за забрана на сексуалното образование, а многу малку за реформите во учебниците и други теми кои првично беа високо на нејзината агенда.
Дали ова е вистинската агенда или пак подобро образование на нашите деца станува се повеќе збунувачко за дел од јавноста.