Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец го избол својот колега на работното место и се дал во бегство

Полицијата трага по скопјанец кој го избол со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа.

„Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, скопско.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

На Табановце и Пелинце се чека 45 минути за да се помине границата, на граничниот премин Богородица 30 минути – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК