Се работи за вежба, а не вистински настан она што доцна попладнево се случува во Скопје.
Имено на улицата 11 октомври во самиот центар на Скопје, на местото на поранешното седиште на Зоил Македонија, можеа да се забележат пожарна со скали и многу полициски сили, а притоа настанот го надлетуваше и хеликоптер.
Нема место за паника. Ова е само вежба за спасување која започна попладнево.
Скопските пожарникари и полицијата имаат тактично- показна вежба со новите противпожарни скали. Тие утре пред медиумите треба и да ја презентираат новата опрема.