Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија.
На средбата Дуџак го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат во нашата земја.
Соговорниците ја потврдија успешната соработка за реализација на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН, чија цел е да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина, да се обезбеди квалитетно образование, да се намали нееднаквоста во и меѓу земјите.
Претседателот Пендаровски на средбата се заблагодари за континуираната поддршка на ОН за нашата земја во повеќе значајни области за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК