22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Бектеши-Лиубченко:Поголема либерализација во трговија помеѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за зголемување на економската соработка

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко.

Тема на разговор на средбата помеѓу министерот Бектеши и неговиот хомолог Лиубиченко беше претстојната Трета седница на Меѓувладината Македонско – украинска комисија за следење на Договорот меѓу Македонската Влада и Украинската Влада за трговска и економска соработка која што ќе се одржи во среда 16 јуни во Киев.