25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.