На 12.06.2021 околу 14.00 часот на место викано „Скалата“, атар на с.Илиово, делчевско, од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од ОВР Делчево од водите на езерото Калиманци е извадено безживотното тело на Т.С.(51) од Делчево, за кого во 12.20 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека се оддалечил од домот и отишол на риболов.
Малку подоцна од езерото било извлечено и патничкото возило „застава 128“, со кочански регистарски ознаки, кое Т.С. го управувал.
Увид извршиле увидна екипа и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, по чија наредба телото е предадено за обдукција.