28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

Приведени девет странски државјанки во угостителски објект во Тетово

Полицијата затекна девет странски државјанки кои забавувале гости во угостителски објект во Тетово.

Според информациите на МВР, вчеравечер од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ полицијата спроведе акциска контрола во угостителски објект на улица Коле Неделковски во Тетово.

При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години.

Тие се приведени заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК