23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Владејачкото мнозинство со ароганција и на сила со европско знаменце, сака да го протне Законот за учебници

На денешната Собраниска седница за Законот за учебници пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски посочи дека владејачкото мнозинство манипулира и го злоупотребува европското знаменце. Не може ваков битен закон да се носи во Собранието, па да се повлекува, без дебати, без дискусии, за да на крајот се усвои со ЕУ знаменце.

„ Револтот кон новата концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација откако се слушна најавата дека ќе се заменуваат печатените учебници со дигитални учебници. Не слушнавме од Министерството за образование ниту една издржана, убедлива анализа, ниту еден стратешки документ што планираат. Како планирате сето ова да го изведете. Некои брзоплети закони стигаат во Собранието, но нема јавна расправа. Гледате колку гнев, колку револтирани наставници, родители, студенти и ученици ги слушаме секој ден. Дали има образовна и темелна стратегија за се ова што го правите. Еве јас, не само како пратеник, туку како и родител на две дечиња сакам да слушнам од вас детална анализа што подготвувате и зошто го повлековте законот, а сега го очекуваме со ЕУ знаменце“, рече од собраниската говорница Мисајловски.

Не знам дали знаете дека се собира петиција, продолжи тој за укинување на сите овие реформи, особено за Законот за учебници.

„ Додека јас зборам тука, ученици се гасат од онлајн наставата и повикуваат на бојкот, се најавуваат пресови пред вашето Министерство за да покажат револт кон се она што се случува. А од ваша страна гледаме само една ароганција и сила за да донесете закон со европско знаменце. Законот што стигна во Собрание требаше сите јавно да го расправаме. Да дебатираме, да поднесеме амандмани и нешто да прифатевте. Со ова повлекување што го направивте сакате да покажете дека ќе го донесете овој закон со сила. Ова чист пример на манипулација и злоупотреба на европското знаменце“ истакна Мисајловски.

И во нај развиените земји во светот не планираат целосно да преминат во дигитализација на образовниот систем. Затоа рече тој, печатени учебници ќе има, сакале вие тоа или не.

„ Ние како родители ќе обезбедиме учебници. Ве убедувам во тоа. Дали за тоа казни ќе препишете, не е важно, учебници повторно ќе има. Околу 25 до 40 илјади дечиња во основното образование не можат технички помагала да имаат за следење на наставата. А Уставот предвидува сите граѓани треба да бидат еднакви. Вака на сила, со ароганција само ќе удрите во ѕид. Се собираат групи на социјалните мрежи од околу 70 илјади граѓани, каде што има револт, а гледам во тие групи и пратеници од СДСМ пишуваат и граѓаните им возвраќаат со гнев. А на крајот од денот кој ќе трпи, ќе трпат учениците“, посочи Мисајловски.